Филувано тесто со мешано зеље
Замесете меко тесто од горе наведените состојки.
Веднаш го делите тестото на повеќе топчиња. Јас го поделив на 7.
Секое топче го развлекувате во кора. Тавата во која ќе го редите тестово намачкајте ја со путер.
Веднаш сукате и редите врз тавата како на сликите помошни. Значи полека со сукалката растресете ја кората да биде малку нагужвана. Попрскајте масло па редете друга кора. Така наредете ги сите.Можете да ставите две кори па фил, па пак две кори па фил, но јас го направив со филот во средината, затоа што децата сакаа од страна да макаат. Направете венец од последните кори. Оставете да стаса и да се дуплира тестово.
До тогаш мијте ја чистете ја лободата, спанаќот, киселицата и блитвата. Киселицата ја ставаме за малку краситкас вкус. Исецкајте ја на појадри парчиња и ставете да динста на тивко. Кога е прилично готова, зачинете ја по вкус и додајте 1 лаж брашно. Промешајте и чекајте да се испече кората. Штом е прилично печена ставете во средината од приготвеново зеље. Доволно е уште 5 минути да се врати во рерна тавата. Потоа извадете и оставете да излади.
Приберете си сиренце и незнам кога ќе запрете со јадење... претпоставувам кога ќе снема ништо во тавата. На здравје нека ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови