Сукано со зеље
Се замесува тесто од брашно, вода, квасец, сол и 70 гр зејтин.
Се дели тестото на 6 парчиња и се расукуваат 6 корички со дебелина од 1 цм.
На едно место место 2 кори премачкани со зејтин една врз друга, а на друго место 4 кори исто една врз друга премачкани со зејтин и се сукаат 2 кори колку големината на тавчето.
Зељето прво се обарува во малку вода и се цеди, потоа се пржи со малку зејтин се додаваат урдата и јајцата се посолува. Се става прво кората добиена од 4 кори на подмачкано тавче и врз неа се истура филот потоа се попрскува со зејтин и се става кората добиена од 2 кори и се витка витче. Тавче бр 36. се остава да стаса 20 минути и се пече во загреана релна. Се пече и кога е готово се попрскува со малку вода се покрива да омекне.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови