Испечати

Сукано со зеље

Сукано со зеље

Состојки

  • 500гр брашно
  • 200 мл вода ( зависи како прима брашното )
  • 1 квасец
  • 1 кафено лажиче сол, 70 гр зејтин
  • за фил
  • 500гр зеље
  • 200 гр урда
  • 2 јајца
  • 200 мл зејтин (за премачкување и прскање)

Подготовка

Се замесува тесто од брашно, вода, квасец, сол и 70 гр зејтин.
Се дели тестото на 6 парчиња и се расукуваат 6 корички со дебелина од 1 цм.
На едно место место 2 кори премачкани со зејтин една врз друга, а на друго место 4 кори исто една врз друга премачкани со зејтин и се сукаат 2 кори колку големината на тавчето.

Зељето прво се обарува во малку вода и се цеди, потоа се пржи со малку зејтин се додаваат урдата и јајцата се посолува. Се става прво кората добиена од 4 кори на подмачкано тавче и врз неа се истура филот потоа се попрскува со зејтин и се става кората добиена од 2 кори и се витка витче. Тавче бр 36. се остава да стаса 20 минути и се пече во загреана релна. Се пече и кога е готово се попрскува со малку вода се покрива да омекне.