Филувана проја
Брашното измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Во смесата додадете ги изматените јајца, масло, к.вода,јогурт и мешајте се додека убаво не се соедини. Откако ќе се соедини, се додава сирењето (ситно издробено) или рендано.
Повторно промешајте и сипете ја смесата во тава со дим.26см. Печете на 200степени половина час додека не добие убава златно-жолта боја.
Јајцата заедно со ајварот изматете ги и сипете ги врз пројата. Повторно вратете ја пројата во рерна уште десетина минути. По желба врз јајцата може да си ставите шунка или димена сланина.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани