Пред да почнам да го презентирам рецептот, битно е да кажам дека со каква чаша ќе почнете со истата да продолжите до крај.
Мојата беше 200 грамска и така ќе го прикажам рецептот.

Јајцата ги матиме пенесто со шеќерот откако ќе ја добиеме посакуваната смеса, додаваме масло, млеко, пециво, ванила и брашно.
Миксерот го исклучуваме уште кога ќе ги изматиме јајцата и шеќерот, а се останато се мати со вилушка. Пола од сместа ја префрламе во плех за печење кој претходно сме го намастиле со путер.
Печеме и проверуваме дали е печено со чeпкалка.
Кога е печено, ги цедиме морковите од шербетот и ги редиме врз печениот пандишпан. Врз него постиламе уште еден ред од преостанатата смеса. Продолжуваме да печеме додека не се испече убаво цела торта.
Кога е готова ја вадиме од рерна и попрскуваме шеќер во прав врз целата торта. Оставаме да се излади, па сечеме коцки по желба.
Многу ни се допадна вкусот на оваа брза торта.
Вистината е дека ова не е оргиналниот рецепт, туку моја идеја за комбинација торта - слатко.
Забелешка
Оргиналниот рецепт вели дека треба да се стават вишни од компот наместо моиве моркови, ама немате престава колку е убава на мојов начин.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови