24
дек
2012
Фереро коцки
1. Чоколадото за готвење го топиме на пареа. Калапчињата се полнат со чоколадо, а потоа чоколадото се истура во сад, за да остане чоколадо само по ѕидовите. Калапчињата се ставаат во замрзнувач 10 минути.
2. Подготовка на фил:
Наполитанките ги дробиме. Лешниците ги толчиме и ги додаваме во дробените наполитанки. Во оваа смеса го дадаваме еурокремот и сето заедно го мешаме.
3. Откако ќе се извадат калапчињата од замрзнувач се полнат со филот до 2/3. Се дополнуваат со стопеното чоколадо кое претходно го истуривме. Се ставаат повторно во замрзнувач да се стегнат уште 15 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Mnogu ubavo izgledaat ! :)