29
јул
2012
Фереро бомбици
Загрејте ја рерната на 180 степени.Распоредете ги лешниците на плех и оставете да се потпечат 8 до 10 минути. Оладени, исечкајте ги на ситно.
Грубо искршете ги наполитанките. Додадете ја нутелата и лешниците па убаво, со рака, измесете се додека се поврзе. Смесата е прилично леплива, па пожелно е да се остави на 45 мин. во фрижидер. Со лажичка вадете од смесата и формирајте бомбици. Ставете ги на тацна и повторно вратете ги во фрижидер ( јас моите ги оставив да преноќат во замрзнувач). Кога се добро оладени се многу полесни за чоколадирање.
Истопете го чоколадото на пареа, додадете го маслото, убаво измешајте и чоколадирајте.
Лиценца: Сите права се задржани