Подготовка
Во сад за месење го ставаме брашното, солта ја сипуваме по краевите, на средина го ставаме шеќерот заедно со квасецот кој го активираме со млак јогурт.
Откако квасецот ќе нарасне го кршиме јајцето и замесуваме со јогуртот средно меко тесто.
Тестото го оставаме на топло да стаса еден час.
Надојденото тесто со оклагија го развлекувамео дебелина од 0,5 сантиметри и со алатката за сечење на пица формираме правоаголници со ширина 4см и должина 6см.
Секој правоаголник засечете го неколку пати на средината.
Виршлите исечете ги со должина 2см и на секое тесто ставете по едно парче од виршлата ролувајте краевите залепете ги.
Во обложен плех со хартија наредете ги фенерите премачкајте ги со јајце.
Печете во загреана рерна на 200степени додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани