Овој рецепт каде и да е запишан, секој прашува за името на колачите или геслото, што е Улта Нон Плус?
И јас сакав да знам и наидов на неколку објаснувања кои едно со друго се вклопуваа и сепак завршуваа со тоа дека  од ова подалеку не може, до тука. Ерл Розентал истражувајки како настанало ова гесло-мото, наишол и објаснува во својата книга „Палатата на Карло во Гранада“ дека према митолошките извори мотото е тесно поврзан со Столбовите на Херкул, кои според грчката митологија биле изградени од страна Херкулес, во близина на Босфорот на Гибралтар, по повод одбележувањето на работ на тогаш познатиот свет било напишано Ултра Нон Плус - означувајки Ништо подалеку и подалеку - до тука- а служело како предупредување на морнарите да не одат поделку, а што е врската со името на колачите можам јас дамо да си предпоставувам, но да си продолжам со пишувањето околу постапката.

1. Во брашното се става шеќерот, ванилата и маргаринот (кој е на собна температура), се меси додека се спои, се додаваат жолчките, повторно се меси да стане компактно тесто, се става во фрижидер да се олади како би можело да се потоа сука полесно.
Откако се оладило се сука на тенка кора, со чаша се вадат кругови (4 см. а тоа е како една чашка за ракија), се редат во плех.
2. Со миксер се уработуваа белките додавајки го постепено шеќерот во густа цврста пења, со лажиче или шприц се става на секој круг од исеченото тесто.
3. Се пече во предхиодно загреана рерна на 160 степени околу 15-20 мин.
Се оставаат да оладат, внимателно се зема еден круг кој се премачкува со мармалад од кајсии, се лепи со друг круг.
Ставете во лимена кутија притоа внимавајки да не го искршите беланецот кој е вкусниот и украсниот дел на самите колачи.

Забелешка
- тестото е ровито, меко, вкусно за јадење. Во самото тесто можете да изрендате и кора од лимон.
- беланецот можете да го ставате со лажиче, шприц или само во кесата без додатокот, јас така ги сакам и го ставам во кесата без додатокот.
- Кој обожавате можете врз беланецот да посипете и сецкани ореви
- Оставете ги колачите подполно да оладат. Прво ќе ви се чини дека ќе се одлепи печениот беланец од кората, но доколку бидете стрпливи да се оладат, тој проблем ќе го немате.
- Јас ги лепев со џем од кајсии во кој ставив и лаванда. (ќе го напишам некогаш тој рецепт) па спојот на вкусовите не' воодушеви.
Ултра Нон Плус спагаат во групата на Новогодишните и Божикните празници...
Јас ви посакувам Весели празници

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани