Украсни салата залачиња
Подготовка
1. Јајцата и кашкавалот изрендајте ги на ситното ренде. Лукот поминете го низ преса. Додадете малку сол и бибер и измешајте се заедно. На крај додадете го мајонезот. Мајонез е потребно само колку да ги поврзи состоките, да можи без проблем да се оформи бомбица од смесата.
2. Салама изберете со кружна форма, подобар визуелен ефект се добива. Кај мене беше тост салама во четириаголен изглед. На секое парче салама ставете од две спротивни страни ливче салатка. Во истата дијагонала ставете едно полно лажиче од филот и оформете го во должина. Потоа завиткајте ја саламата во ролна. Ставете лево и десно од средината по половина чечкалица или, уште поубаво е ако имате лист од млад кромид, праз или слично (така ќе се поспастрени и поефектни на изглед. За жал, јас немав во мометот).
3. Потоа сечете ја ролната на половина и ставете ги исправени на рамна чинија. Во секој отвор ставете по половина шери доматче.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови