1.Во малку млако млеко растопете го квасецот и шеќерот оставете околу десет минути да стаса.Путерот растопете го во остатокот од топлото млеко.
Во посебен сад просејте го брашното,преостанатиот шеќер,сол,стасаниот квасец и путер со млеко.Замесете меко свиленкасто тесто кое ќе ни се одлепува од садот.
Тестото оставете го да стаса околу еден час.
2.Од стасаното тесто формираме мали топчиња малку поголеми од орев.
Топчињата ги расукуваме и полниме со филот од мелено месо.
Фил од мелено месо.
Кромидот на тивок огин го пропржуваме го додаваме меленото месо повторно пржиме околу десетина минути.Домашната салца ја додаваме со малку оригано посолуваме и динстаме повторно додека ни се подзгусне филот.Тргаме на страна и оставаме да се подизлади.

Топките наполнете ги затвараме и со затворениот дел на надоле ги ставаме во подмачкана тава за печење.
Тутрињата ги премачкуваме со жолчка и малку масло,посолуваме со сусам.
Печеме на 200степени околу половина час.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани