8
дек
2013
Туна салата/оброк (посно)
Да почнам и јас со посните рецепти. Една многу лесна салата т.е во време на пости најчесто и како оброк.
Тестенините што ги користев се домашно подготвени посни тенки јуфки (резанци или фиде, кој како си ги нарекува), но вие може да си користите тестенини по желба.
1. Во малку посолена вода сварете ги тестенините, прецедете ги и претурете во сад. Додадете ја туната (крупна или ситна по ваша желба), пченката и по вкус сол и бибер и убаво промешајте. На крај додадете го сокот од лимон и ставете малку во фрижидер за да се спојат вкусовите па послужете.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани