Овие извонредни триаголници, покрај тоа што имаат богат вкус, истовремено и воодушевуваат со нивната чудесна арома, а под нивната крцкава златна кора се крие кремаст фил од сирење.
Јас подготвив половина доза од горенаведените количини.
Сами сме дома јас и маж ми.
Ако ја подготвите цела доза, ќе добиете 16 триаголници, доволно за целото семејство за појадок.

Во вангличка ставете јајца, сол, бибер, сецкана рукола, дробено и сецкано сирење, пециво, сода бикарбона и млеко.
Соединете ги сите состојки.
Додадете го просеаното брашно и месете го тестото.
Не треба да биде тврдо, но сепак и да не се лепи на рацете.
Поделете го тестото на 2 парчиња и формирајте кружни форми.
Од секој круг добиваме 8 парчиња, триаголници
Во касерола загреваме масло на умерен оган, никако на јак.
Ставете ги триаголниците да пржат од двете страни додека не заруменат
Наредете ги на хартиени салфетки, а потоа сервираме со чаша јогурт.

Кој не сака рукола може да додаде млад кромид, магдонос, спанаќ......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани