12
јан
2015
Триаголник обланда со грилаж
Најпрво испржете го шеќерот, да се карамелизира, па додајте ги оревите. Измешајте ги низ карамелот и ставете ги на фолија премачкана со масло да се оладат. Исечкајте ги ситно или сомелете ги ама оставете и по некое покрупно парче.
На пареа, сварете ги жолчките со шеќерот и додајте го маргаринот. Обландата искршете ја, измешајте ја со гријажот и измешајте ја со жолчките.
Триаголен калап обложете со најлонска фолија и во него ставете ја смесата да се стегне. Потоа извадете го од калапот и одозгора премачкајте го со чоколадото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Srekni i beriketni praznici!