Ова ми е прв рецепт за пробивање на ледот.
Значи вака -  јајцата, квасецот, маслото и водата се мешаат заедно и постепено се додава брашно, да се добие густина на смеса како за палачинки. Секоја кора се мачка со оваа смеса и са предиплува на пола, пак се премачкува и повторно се предиплува и се добива долга и тенка лента (од сликите ќе ви стане појасно),на едниот крај се става фил и се мота како триаголник.
Се реди на подмачкан плех со масло и се пече околу 15-20 минути на 200 степени, да фати убава боја. Филот е по желба може само сирење, кашкавал и шунка или пак спанаќ и сирење зависи од вкусот. Триаголниците се многу вкусни и кога се ладни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови