Прво правиме пандишпан. Од 4 јајца изматете додајте 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно пециво изпечете пандишпан. Јас направив форма срце.
Сладоледот изматете го,исто изматете го шлагот. Во шлагот додајте 300 грама јаготки и изблендирајте.
Во изматениот сладолед додајте ги изблендираните јагодки со шлаг и измешајте.
Ставете во чаша 1 желатин со малку вода. Кога ќе набабри стопете го и додајте во сладоледот со шлаг и јагодки.
Во калап ставете го пандишпанот,  врз него истутрете сладолед со шлаг и јагодки и ставете во фриждер да се стегне.
Во тенџере ставете 400 грама вода да зоврие. Додајте 5 лажици шеќер и желатин да се стопи.
Извадете ја од фриждер тортата, наредете со јагодки и полијте одозгоре со желатин и ставете пак да се стегне. Краевите на тортата убаво залепете со фолија да не тече желатинот.
Тортата украсете ја по желба со шлаг!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани