Во поголем сад во кој ќе месите ставете 250 мл. ТОПЛА вода, квасецот, шеќерот, солта и 1 мало лажиче брашно. Измешајте и оставете да се запени околу 10 мин.
Кога запенало додадете останатите 250 мл. вода, 125 мл. масло, измешајте да се соедини. Додавајте брашно и месете прво со дрвена лажица, а потоа со раце. Треба да се измеси помеко тесто од тоа за кифлички.месете 5-10 минути.
Оставете го да одмори 20 мин. покриено со крпа. Кога одморило поделете на 24-25 топчиња големи колку сакате излегуваат 24 средни. Со сукало развлечете тенка кора на побрашнета површина. Правете ги потенки бидејќи малку нараснуваат, моите и не се многу тенки...
Печете ги на СУВО тавче на среден оган. Кога заруменало од едната страна свртете го од другата страна.
Не печете ги многу време бидејќи ќе останат тврди. Ставајте ги во најлонско кесе и кесето ставете го во затворен сад. Подготвувајте ги едно по едно и ставајте ги во кесето.
Полнете ги по желба. Може да ги замрзнете, така направени и да ги одмрзнувате така што ќе ги одмрзнувате во микобранова печка или тостер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови