
3
јун
2021
Тортиљи
Количините се отприлика, во зависност од тоа колку тортиљи ќе подготвувате.
Подготовка:
1. Пилешкиот стек го печам во Air Fryer по овој рецепт.
2. Сос- киселите краставички ги сецкаме на ситни коцки или може да се изрендаат. Ги ставаме во длабок сад со сите останати состојки и промешуваме. Марулата, кашкавалот и пилешкиот стек ги сецкаме на помали парченца.
3. Тортиљата ја затоплуваме во микробранова или во загреано суво тавче. Ја премачкуваме со сосот. Во средината ставаме марула, кашкавал, стек и пченка. Долниот и горниот дел по малку го превиткуваме врз филот и потоа ја роламе.
Лиценца: Сите права се задржани