Подготовка на пандишпан финансиер
1.Путерот се става во тава на оган да добие боја лешник.
2. Сувите состојки се мешаат и се поминуваат преку цедалка.
3 Во садот со сувите состојки се додавваат медот, белките и изладениот путер и се матат енергично со спатола.
4. Во тава за печење со дијаметар 26 см премачкана со путер се додава смесата и се печи 10-15 минути во загреана рерна на 180 степени.

Подготовка на баварскиот крем од плодови на страста
1.Најпрво желатинот се става во ладна вода да омекне околу 10 минути.
2.Во сад на пареа се прави крем од млекото, шеќерот, јајцата и жолчките, се мешат постојано додека кремот не згусти.
3. Кремот се трга од оган, му се додава омекнатиот желатин, исцедениот сок т.е без семките од плодовите на страста, се меша со спатола и се остава да се лади прво на собна температура потоа еден час во фрижидер.
4.Откако ќе се олади во смесата се додава изматената слатка павлака, се размешува со спатола.

Изладениот пандишпан со четка се премачкува со растопен путер и се филува со баварскиот крем. Се декорира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани