Јајцата се двојат, белките настрана се матат во цврст снег,  а жолчките се матат со шеќерот. Од како ќе се добие пенаста маса од жолчките и шеќерот се исклучува миксерот, па полека се додаваат оревите, брашното, пецивото и гризот. На крај кон жолчките се додава и снегот од белките и се меша целата смеса, а потоа се дели на три дела.
Два дела остануваат жолти, а во третиот се додава какаото. Од сите три смеси се печат три кори во плех на хартија.

фил 1
Млекото се става да зоврие и во него се додаваат урмите исечкани на парчиња. Се оставаат на исклучена рингла две-три минути, а потоа се пасираат во млекото. Најубаво е прво рачно со преса за пире затоа што смесата постепено се згуснува. Се пасира постојано додека се згусне, а потоа смесата се разбива со миксер. Кон урмите се додава изматениот маргарин и бисквитите.

фил2
Се вари пудингот во зовриеното млеко на кое му се додава какао и потоа оладен се мати со претходно изматениот маргарин со шеќер во прав.
Најдоле се става црното тесто, врз него 2 фил, па жолто тесто - фил од урмите и на крај третото жолто тесто и чоколадниот фил. Одозгора се декорира по желба.
Овој фил од урми случајно го открив правејќи кашичка за моето синче кое имаше потреба од магнезиум а урмата е многу богата со магнезиум и од тогаш редовно го користам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови