Подготовка

1. Најпрвин ситно изблендирајте ги лешниците. Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Во млаз додајте го маслото и уште кратко проматете со најмала брзина на миксерот. Додајте ги лешниците и кората од лимон. Измешајте со дрвена лажица.Мешајте секогаш во еден правец. На крај додајте го просеаното брашно и пециво. Измешајте.

2. Истурете ја смесата во калап(22цм), премачкан со масло и набрашнет. Посипете со покрупно сецкани лешници. Печете на 190 степени, 25-30 минути, проверувајќи со чепкалка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани