Во поголем сад се ставаат омекнатиот путер и шеќерот и се матат со миксер околу 5 мин. Брашното се комбинира со прашокот за печиво и солта. Во садот со путерот се додаваат јајцата, екстрактот од ванила и млекото. Се додава брашното и се продолжува со матење додека се добро се искомбинира. Оваа смеса се става во два калапи за печење од 20см обложени со хартија за печење и се пече во рерна 30 мин. на 180 степени. Откако ќе се испече, се остава добро да се излади.

ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ ОД ЛИМОН
Во помал сад се ставаат кората од лимон, сокот од лимон и пченкарниот скроб и добро се мешаат. Се додаваат путерот и шеќерот и целата смеса се става да се вари една минута со постојано мешање. Жолчките во посебен сад се матат и се додава една лажица од смесата со лимон и добро се меша. Потоа изматените жолчки се додаваат во садот со зовриената смеса со лимон и се остава да врие на тивок оган со постојано мешање околу 5 мин. Кога смесата ќе се згусне се префрла во друг сад, се покрива со најлонска фолија и се остава да се излади. Откако ќе се излади се става во фрижидер да стои 3 часа.

ПОДГОТОВКА НА ФИЛ
Во поголем сад се ставаат шеќерот во прав и путерот и се матат со миксер додека не станат пенести а потоа се додава лимоновиот сок и млекото и се продолжува со матење додека се се соедини.

ФИЛУВАЊЕ
Парчињата пандишпан се сечат на половина со голем нож хоризонтално и треба да се добијат четири еднакви слоја. Првиот слој се зема и се премачкува со половина од кремот од лимон. Се става вториот слој над првиот и се премачкува со филот од путер и шеќер. Се става третиот слој и се премачкува со останатиот дел од кремот со лимон. Кога ќе се стави и четвртиот слој, целата торта се премачкува со преостанатиот дел оф филот. Се декорира со неколку парчина лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови