Најпрвин подгответе го пандишпанот.
Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Додајте го млекото и маслото и матете уште 1 минута.
Брашното измешајте го со пецивото и додајте го во изматената смеса.
Измешајте со жица и поделете ја смесата на 2 дела.
Во едниот дел додајте го какаото и измешајте.
Печете ги во округли калапи со обрач на 180 степени, 20 минути.
Испечените пандишпани оставете ги да се оладат, а потоа пресечете ги на половина хоризонтално.

Фил 1
Во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот. Откако ќе се загрее млекото додајте го пудингот, густинот и ванилата.
Мешајте додека смесата се згусти и пред да ја тргнете од оган додајте го чоколадото. Промешајте додека се растопи чоколадото.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете кремот да се олади убаво, а потоа измешајте го со претходно пенесто изматениот маргарин со шеќерот во прав.

Фил 2
Изматете ги жолчките, јајцето и шеќерот и ставете ги на пареа.
Откако ке станат убаво пенести додајте го чоколадото и мешајте додека убаво се растопи.
Тргнете го филот од оган и оставете да се олади, а потоа соединете го со претходно пенесто изматениот маргарин.

На подлога за торта ставете еден кафеав пандишпан, попрскајте го со млако млеко( не многу, бидејќи пандишпаните се меки).
Одозгора нанесете од жолтиот фил. Врз него нанесете еден жолт пандишпан, попрскајте пак со млеко, па нанесете од кафеавиот фил.
Повторете ја постапката со преостанатите пандишпани и филови.

Црното чоколадо со маслото стопете ги на пареа и со него премачкајте ја тортата.
Растопете го и белото чоколадо и од него нанесете врз тортата.
Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа и потоа послужете.

Бидејќи тортава беше за подарок не можев да прикажам слики од пресекот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани