
Торта Барби
За падишпанот правиме три кори.
 За секоја кора кршиме 5 јајца, ги делимр белките од жолчките.
 Белките ги матиме со 5 лажици шеќер. Во изматените белки додаваме 2 лажици какао и 3 лажици брашно, убаво промешуваме и печеме на 150 степени.
 Така постапуваме со останатите 2 кори.
 За фил
 Вариме чоколаден пудинг со млекото. Маргаринот го матиме со шеќер во прав и го додаваме во изладен пудинг.
 Ресаните ги сечеме на коцки, ги додаваме во пудингот. Оревите ситно ги сечкаме, ги додаваме, суво грозје го истураме во смесата. Додаваме 3 капки рум, а чоколадото за готвење го топиме и додаваме во филот. Се убаво промешуваме.
 Пандишпаните премачкајте ги со фил, направете форма како фустан на кукла.
 Куклата ставете ја внатре во тестото. Украсуваме со шлаг и прехранбени.
 Ова торта јас правев за мојата ќерка за вториот роденден.
Лиценца: Сите права се задржани





















