Чоколадна торта 25 Јули
Оваа торта ја направив со многу љубов за роденденот на мојата втора среќа, моето синче, кое наполни 6 години...па затоа и го дадов тоа име, според датумот кога е роден.
Подготовката е на следниот начин
1. Правиме 2 исти пандишпани со урми (се матат пенасто белките со шеќерот, па ги додаваме останатите состојки). Печеме на 180 степени 30 минути.
2.Правиме 1 пандишпан со сецкани ораси (на ист начин како другите 2 пандишпани). Се ставаат рамномерно сецканите ораси врз хартијата за печење, а врз нив ја ставаме смесата за пандишпанот. Печеме на 180 степени 20 минути. Врз млакото тесто премачкуваме со кремот од страната со сецкани ораси.
3. Филот е чоколаден, ги вариме на пареа сите жолчки заедно со шеќерот додека да се згуснат, па ги соединуваме со стопените чоколада со млекото. Оставаме да се излади, па соединуваме со претходно изматените маргарини (или путер) на собна температура и ги додаваме мел.ораси. Го делиме на 3 дела.
4. Декорираме со изматена слатка павлака соединета со претходно изматени 2 шлаг крем од ванила и додатоци по желба.
Забелешка - Сецканите урми ги ставаме во брашното и ги одделуваме една од друга, бидејќи се лепат.
Делот со песок е од мелена плазма и сребрени светки измешани заедно.
Бидејќи се многу жолчки, тој дел од филот го правев на двапати, односно по 20.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав
Поздрав
Поздрав