
19
јан
2022
Топло чоколадо
Сигурна сум дека сите сакаме вкусно топло чоколадо. Здрава и вкусна варијанта, која ќе ви стане омилена.
Подготовка:
1. Во мал длабок сад, на оган, ги ставаме кокосовото млеко и какаото. Мешаме со жица за матење да се соединат состојките. После неколку минути откако ќе се загрее млекото го додаваме медот, рум аромата и густинот. Постојано мешаме, за да не ни загори.
2. Го додаваме и темното чоколадо исецкано на коцки. Мешаме додека не се растопи и не добиеме густо чоколадно млеко. Послужуваме топло.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани