Тирамису со јагоди и киви
Лесна, брза и освежителна летна торта.
Најпрво измиете ги јагодите исецкајте ги не многу ситно, потоа кивите излупете ги и сечете ги на кругови. Потоа сварете го кафето и оставете го да се излади. Во длабок сад пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете го маскарпонето и убаво со жица мешајте да се соедини смесата.
Во правоаголно тепсивче ставете еден ред од пишкотите натопени во кафето, ставете половина од филот, над филот ставете половина од јагодите и кивите. Потоа ставете уште еден ред од пишкотите натопени во кафе, преостанатиот фил и над филот ставете ги јагодите и кивите. Тортата ставете ја 2-3 часа во фрижидер да се стегне и потоа исечете ја на коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови