10
апр
2013
Тирамису со маскарпоне и рикота
Пенесто се матат јајцата и шеќерот, а потоа се додават маскарпонето и рикотата и убаво се мати со жица.
Во свареното и оладено кафе се става румот и се промешува.
Во правоаголно плекче најпрвин се реди еден ред пишкоти потопени во кафе, потоа се нанесува од кремот, пак ред пишкоти и повторно од кремот.
Се повторува истата постапка додека се потрошат пишкотите и кремот,
Целата торта се посипува со чоколадо во прав и се попрскува со кремот, а и не мора, може само со чоколадото во прав.
Се остава во фрижидер преку ноќ да отстои.
Лиценца: Сите права се задржани