Преубав освежителен рецепт. Ајде да го спремиме.

Подготовка:

1. Пуштете неколку долги еспреса од апаратот. Изматете ја слатката павлака убаво, нека е густо матена.
Додајте и зелена прехрамбена боја.

2. Исецкајте излупете ја кивата и исецкајте ја на мали парченца. Во друг сад ставете сок од киви. Калапот наместете го спремен за редење на тирамисуто.

3. Првиот ред нека се почне. Земете од пишкотите и топете ги во густиот сок од киви
Наредете еден ред, Не се задржувајте многу во сокот, да не омекнат многу пишкотите зашто после е тешко редењето на слатката павлака. Откако ќе го наполните калапот со првиот ред, ставете ја слатката павлака. Израмнете ја убаво и попрскајте ситно сецкани парченца киви.

4. Вториот ред го редиме нормално, класично, како за секое тирамису. Топиме во еспресото и редиме пишкоти врз слатката павлака. Затвараме со ред слатка павлака. Кога е готово оставаме да се стегне, да се излади,па сечеме на коцки, а потоа попрскуваме со сос од киви. Служиме ладно.

Нека ви е на здравје

*Забелешка - Овде каде што сум слатката павлака не е засладена, па затоа додавам шеќер во прав. Затоа имајте во предвид дека треба да ја пробате слатката павлака. Ако нема блажина, додајте и шеќер во прав или стевиа, по ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови