Тирамису (без јајца, без печење)
Инстант кафето се растопува во врелата вода.
Се додава топлото млеко и ликерот или румот.
Калапот се обложува по страните со хартија за печење.
Пишкотите кој се редат исправени покрај обрачот,
се макнуваат само од внатрешната страна во млекото.
А, тие на дното и средината се потопуваат цели.
За филот се растопува кафето со врелата вода и се чека да олади.
Крем сирењето се мати со шеќерот и ванилата.
Кога ќе олади кафето, полека се додава во крем сирењето, матејќи со миксер на мин..
Се топи белата чоколада над пареа. Се лади малку и се додава во сирењето, постепено, матејќи на мин..
Слатката павлака се мати цврсто и таа се додава во сирењето, лажица по лажица и се’ заедно се миксира.
Желатинот прелиен со водата, да набабри, се топи, без да зоврие, малку да здивни и се додава во филот миксајќи.
Финална постапка
Странично пишкоти
На дното пишкоти-пола фил-пишкоти-другата половина фил
Одозгора какао во прав преку цедалка.
Да отстои најмалку 8 часа или преку ноќ во фрижидер, па се служи.
Главен помошник ми беше мојата Јана ❣
Рецептов е од нет Оливерине чаролије.
Лиценца: Сите права се задржани
Може да ми кажете какво крем сирење користевте?