Поинакво,едноставно и брзо тирамису (без маскарпоне)
Ова е некоја моја варијанта на тирамису, што излезе супер, ја правев без крем сирење бидејки помрсно ми е.
Инаку, се мати слатката павлака во еден сад. Во друг сад се матат белките со 50гр шеќер дури да бидат цврсти. Во друг сад на пареа се матат жолчките со 50 гр шеќер, со миксер, дури не станат пенасти. Потоа семешаат белките, слатката павлака и жолчките кои се додаваат постепено бидејки се топли.
Се раствора еспресото со 200 мл топла вода. Се топат бисквитите во еспресото и се редат во сад. Врз нив се става 1/3 од смесата со павлака, па се посипува со какао и се повторива постапката уште 2 пати завршувајки со фил и какао. Се остава да се олади околу 2 часа
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови