Тиквички со гриз во рерна
Изрендајте ги тиквичките и оставете 10 мин. да се исцедат. За тоа време тавата со маргаринот ставете ја во загреана рерна. Маргаринот треба да се стопи и да дојди до степен како да пржи.
Во исцедените тиквички додадете го сирењето, ситно издробено, јајцата, гризот и промешајте. Додадете ја и павлаката или што ќе имате од наведените состојки и повторно убаво промешајте. Посолете и зачинете. Во мојот случај како одличен избор се покажа црн бибер, оригано и вегета. Наредете ги парчињата салама или сувомеснат производ.
Извадете ја тавата со стопениот маргарин од рерна и сипете ја смесата со тиквичките во неа, па ставете да се печи. 200 степени, околу 20 мин. зависно од рерната. Повторно извадете ја тавата и одозгора наредете ги парчињата кашкавал и посипете со сусам. Допечете додека се стопи кашкавалот некои 5 - 10 минути.
Оставете малку да олади, па сечете парчиња и служете се. Ние ги изедовме уште топли, но претпотавувам дека и ладни се исто така вкусни. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
a ima i vakvi pozeleni i slicna sorta se
http://i.minus.com/i6kWd8fGFgTkj.jpg
i od niv sekako mozi iako jas licno ne sum gi probala vtorite, sepak mislam deka se slicni.
Milence ako si pravela slicno veke mozes da pretpostavis kako ke ispadni ;) Probajte, za polovina cas veke imate topol vkusen obrok ;)
Ludo neka ne ve lazi deka jas go smisliv ova haha... nekoj veke ja smislil osnovata, jas samo pridodadov uste nekoi sitnici ;)