Знам дека секој љубител на тестенини,досега го има приготвено болоњезе сосот,ама сепак еве ја и мојата рецепта,па може ќе му се најде на некого.
На маслинов зејтин го запржуваме ситно исечениот кромид.морков и лук.Го додаваме и месото и пак запржуваме.Посолуваме,побиберуваме и полеваме со доматниот сок(најдобро е да имате домашно приготвен).Оставаме да се динста на тивко околу 20 минути.Потоа полеваме со црвеното вино и динстаме уште кратко(5 минути).Сосот е готов.Тестенините кои ги употребив беа интегрални,ама со овој сос можете да употребите било каков тип на тестенини.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови