Одлична чорба, одлична,
 
Прво го спремаме буљонот така што
-Насечете го месото на едри парчиња и сварете го лесно во подсолена на вкус вода заедно со неколку зрна бибер. Когато ќе почне да врие одпенето го за да буљонот биде побистар.
-Додека чекате да се свари месото излупете ги компирите и исечете на коцки, ако се одлучите за поситен компир, нека остане цел. Исчистете ги морковите и исечете ги на тркалца. Излупете ја главицата кромид која ќе ја исечете на половина и во тефлонска тава или на ринглата од шпоретот испечете ги да покафенеат поставувајки ги со пресекот надолу.
Кога месото е веќе готово, додадете ги подготвените зеленчуци и сувиот зеленук и испечениот кромид. Овкусете на сол и додадете 3-4 лажици зејтин и варете до нивната готовност на тивко варење.
Кога е готово исклучете шпоретот и тргнете настрана, а кромидот извадете го. Од него веќе нема потреба.
При сервирањето во секоја порција ставете парче лимон, кругче од домат и ситно насецкани стебла и листови од целер.
Изрендајте го ренот и измешајте со оцетот. Во секоја порција за да дадете посебен вкус на чорбата, ставете и од овој сос.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани