Телешка манџа
Телешкото исечете го на средни коцки, посолете го и побиберете го и оставете го настрана. Исечкајте го кромидот на полукругови, лукот ситно исечкајте го.
Во поголемо тенџерче од 4-5 литри ставете масло колку да го покрие дното и оставете да се загрее, на загреаното масло испжете го кромидот и лукот. Пржете да на среден умерен оган да не изгори со повремено мешање додека да омекни и се застакли.
Кога е тоа готово додадете го месото и пржете додека месото добие надворешна боја. Налејте 1 литар вода, додајте ги зачинитие и поклопете со капак. Варете на среден оган додека месото омекне и се свари околу 2-2,5 часа. По потреба долевајте топла вода.
На крајот може да додадете 1 лажица брашно ако сакате да ви биде густо. Може по желба да додадете и доматен сос. Водата на крајот може да ја прилагодите по ваша желба во разлика од тоа колку густо сакате.
Кога е сварено месото, тргенете го од оган и оставете го да се подолади и служете.
Може да се користи и друго месо на пр. свинско, јагнешко, говедско.....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Телешко како чорба би дошло ако се тргни пиперот и ако се додадат резанци (мое гласно размислување. врска немам од правење телешка чорба, ама кај Трајче во Безистен сум ја сркала неколку пати за лепо друштво:) )
Инаку теле најчесто во манџа (и секако многу ретко кај нас вакви работи) готвам најчесто кога ќе му дојди денот во комбинација со грашак, а втора алтернатива е компир, но никако вака празно-ќе ми го треснат од глава домачиве :))) Затоа јас или готвам или не готвам :) па во вториот случај се втураме на сендвичари, атакуваме пицерии, пекари, па напати и ресторани :))) или најефтината варијанта лепче и ајварче :)
Мислев дека многу пишам (и тоа појма немам што пишам) оти ми фалеше нешто благо да каснам деновиве. а ете, денес конечно на цела мрза си направив и мислев ќе си се стабилизирам-ама не, изгеда ќе треба нешто на шербет од утре да удрам хаха на тешко благо :) Ама кога сме кај благото, гледам јубелеен се ближи кај тебе, па ако не закаснив си нарачувам да е благичко ;) ... секако , ако се прифаќа :)