Телешка манџа
Состојки
- 600 гр. телешко месо без коски
- 300 гр. кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица црвен пипер
- масло по потреба
- сол,мешан сув зачин,бибер по вкус
- 2 ловорова листа
- вода по потреба
Подготовка
Телешкото исечете го на средни коцки, посолете го и побиберете го и оставете го настрана. Исечкајте го кромидот на полукругови, лукот ситно исечкајте го.
Во поголемо тенџерче од 4-5 литри ставете масло колку да го покрие дното и оставете да се загрее, на загреаното масло испжете го кромидот и лукот. Пржете да на среден умерен оган да не изгори со повремено мешање додека да омекни и се застакли.
Кога е тоа готово додадете го месото и пржете додека месото добие надворешна боја. Налејте 1 литар вода, додајте ги зачинитие и поклопете со капак. Варете на среден оган додека месото омекне и се свари околу 2-2,5 часа. По потреба долевајте топла вода.
На крајот може да додадете 1 лажица брашно ако сакате да ви биде густо. Може по желба да додадете и доматен сос. Водата на крајот може да ја прилагодите по ваша желба во разлика од тоа колку густо сакате.
Кога е сварено месото, тргенете го од оган и оставете го да се подолади и служете.
Може да се користи и друго месо на пр. свинско, јагнешко, говедско.....