Сите течни состојки загрејте ги на оган. При тоа, постепемно додавајте го брашното и енергично мешајте се додека не се добие топка од тесто. Уште топло растанчете го на работната површина и со модлите вадете кругови и истите обложете ги во внатрешната страна. Доколку немате малечки модли, секако можи и во една голема модла за тарт.
Ставете ги да се печат 10на мин на 200 степени, односно додека рабовите малку не ја сменат бојата.

Запржете го спанаќот со маслото, додадете ги јајцата и кимот, промешајте и тргнете од оган. Полупечените теста во модлите наполнете ги со овој фил и допеќете додека јајцата убаво се стегнат и одозгора не се формира тенка коричка.

Во зависност од големината на модлите, од оваа доза излегуваат околу 8 парчиња +/-.

Забелешка
Филот е многу вкусен. Дури и оние кои се усилуваат да вкусат спанаќ, како мене ќе го засакаат во вакво издание, но тестото за жал кај мене иако вкусно, беше некако ронливо. Можеби во некоја прилика повторно ќе се јавам со некои подобрувања и измени или пак можеби тоа ќе посоветува некој од вас... дотогаш, уживајте во оваа верзија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани