Капрезе салатата е надалеку позната, а потекнува и се подготвува на островот Капри во Јужниот дел на Италија. Едноставна по состав, лесна за подготовка, со карактеристични продукти, а сепак вкусна салата. Во мојот случај сервирана во тарт, кој може да ви биде послужен како предјадење, но и како главно јадење.

Подготовка
1. Се замесува тесто од сите состојки и се остава да се дуплира. Го расукуваме во круг во големина на тавчето во кое ќе го печеме.
2. Ставаме врз него хартија за печење и ставаме грав, ориз или како во мојот случај леќа, за да не се надигнува многу тестото.
3. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, па го вадиме тартот ја отстрануваме хартијата со тежината и уште 5 минути го враќаме во рерна.
4. Го оставаме да се лади, па потоа го мачкаме со урдата во која сме ставиле зачини по желба.
5. Врз неа ги редиме сечканите домати, листовите босилок и сечканата моцарела. Врз целиот тарт во тенок млаз ставаме капки маслиново масло во кое сме го измешале оцетот.

Забелешка
Тестото е многу погодно да се прави и од вечер, па утредента да се филува. Можете и со ровко путер тесто да го правите овој тарт, мене повеќе ми го сакаат со стасувано тесто, па се одлучив овој пат да ви го прикажам вака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани