Гравче тавче со спанаќ
Сите имаме период кога ни паѓа железото во крвта и баш тогаш ни се јади нешто друго од исхраната која го потхранува истото. Така, сакајќи конечно после толку време гравче тавче, решив да го обогатам со додаток спанаќ и сите од едно јадење да сме задоволни.
1. Измијте го измиениот грав со вода малку над него да зовие, па исплакнете убаво и наполнете го тенџерето до горе со вода. Ставете го маслиновото масло, целата главица кромид претходно излупена и сувите пиперки.
2. Откако ќе се сварат зрната, додајте го исечкан спанаќот, а главицата кромид издробете ја и пиперките исчистени од лушпите испасирајте ги. Во текот на верењето дозволете на крај водата да ја има доволно колку за печење на гравот. Додадете ги зачините и посолете.
3. На страна направете запршка со маслото, брашното и црвениот пипер и ставете ја во тенџерето.
4. Содржината распоредете ја во 3 земјени садови (за едно лице) и во секој додадете по еден ловоров лист и 2 чешниња лук ситно исечкан.
5. Ставете ги во загреана рерна на 200С да се печат додека не фатат кора одозгора и испари течноста, но не скрос, ами да остани сочно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови