27
авг
2015
Тавче гравче
Јас го ставам одвечер гравот да кисни во вода за да биде ручекот побрз, но може и бес киснење.
Се става гравот одвечер да набабри.
Утредента се фрла водата и се налева друга, зоврива и таа се фрла. Се става друга вода, пиперки, кромид и малку масло и се вари гравот 40мин. да омекни.
Се става во голема тепсија гравот и се прави запршка со 150 мл масло брашно и црвена пипер. Се додаваат зачините и лукчето и на крајот се стават кругови домат. Се печи 40мин на 250С.
Лиценца: Сите права се задржани