Лесна и брза подготовка на вкусен ручек со свинско мевце. Со добар прилог овој рецепт може да си го подготвите за празниците што следат.

Подготовка
1. Месото го маринираме од вечер, за да ни ги впие зачините.
2. Го валкаме во наведените зачини и го потопуваме во млеко. Го оставаме во фрижидер околу 18 часа.
3. Сланината ја сечкаме на мали парчиња и ја ставаме да се запржи. Ја тргаме и ја ставаме во тавата за печење.
4. Го ставаме маринираното месо исечкано на коцки и тоа да се запржи во истото тавче во кое ни се пржеше сланината, со тоа што додаваме свинска маст. Налеваме вода да го покрие месото и го динстаме додека да омекне и водата да испари.
5. Откако месото убаво ќе се издинста го ставаме во тавата заедно со сланината.
6. Крем супата ја раствораме во млекото во кое ни се маринираше месото.
7. Го прелеваме месото, ставаме капак на тавата и го печеме во загреана рерна околу 20 минути. При крај на печење го отвораме капакот и оставаме тавата во рерна за да ни се потпече мевцето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани