1. Во тенџере ставаме вода и го додаваме оризот. Нека повари на тивко 5 минути, па додаваме ванила и шеќер. Сега го додаваме млекото и вариме на тивок оган со постојано мешање.

2. Кога е сварен, сутлијашот го сервираме во 2 чаши. Оставаме да се лади и го подготвуваме желето.
3. Во сад на оган ставаме рибизли, шеќер и вода. Од кога ќе зоврие, готвиме на тивко 8-10 минути.
Течноста ја процедуваме.
4. Врз сутлијашот ставаме од сварените рибизли, по 1 полна лажица. Потоа внимателно го нанесуваме и сирупот кој го процедивме.
Оставаме да се излади, нежно декорираме и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани