Сутлијаш со желе од црни рибизли
Состојки
- За сутлијаш
- 1 филџан измиен ориз
- 1 филџан вода
- 2 филџани млеко
- 3лажици шеќер
- 1 ванила
- Желе од Црна рибизла
- 250-300гр замрзнати црни рибизли
- 2.3 лажици шеќер
- 100мл вода
Подготовка
1. Во тенџере ставаме вода и го додаваме оризот. Нека повари на тивко 5 минути, па додаваме ванила и шеќер. Сега го додаваме млекото и вариме на тивок оган со постојано мешање.
2. Кога е сварен, сутлијашот го сервираме во 2 чаши. Оставаме да се лади и го подготвуваме желето.
3. Во сад на оган ставаме рибизли, шеќер и вода. Од кога ќе зоврие, готвиме на тивко 8-10 минути.
Течноста ја процедуваме.
4. Врз сутлијашот ставаме од сварените рибизли, по 1 полна лажица. Потоа внимателно го нанесуваме и сирупот кој го процедивме.
Оставаме да се излади, нежно декорираме и сервираме.