Слична ваква торта направив пред една недела кога ги згрешив мафините на ќерка ми за роденденот- прикажана на последната слика). Тогаш наместо кроасани, измешав се со издробените мафини и добив прекрасна и превкусна торта која ја изедовме за 2 дена и ми побараа дома пак да ја направам. Решив овој пат да ја направам со кроасани. Крем бананите даваат преубав вкус, а може да се стават и ресани, ама тоа во следна прилика.

1. Припремата е наједноставна што може, се сечат на парчиња кроасаните, крем бананите и чоколатцата и се ставаат во подлабок сад.
2. Се загрева кремот за готвење, се додава 120 г чоколадо и путерот, се меша до целосно растопување на чоколадото. Кремот се прелива врз исечканата смеса од кроасани и чоколатца, се меша убаво. Потоа во калапот срце обложен со најлон фолија, се истура целата смеса, се порамнува и се става во фрижидер неколку часа убаво да се излади и да се стврдне. Пред да се додаде глазурата, тортата се превртува на чинија за сервирање и се отстранува фолијата.
3. Потоа се става глазурата од растопено чоколадо и путер. Се остава да се олади, па одозгора се декорира по желба. Јас декорирав со бело чоколадо и со шлаг во кој додадов прехранбена црвена боја.
Тортата е превкусна, мажот ми ја обожава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови