Сочна торта со чоколадо и лимон
Маргаринот, брашното, пецивото, солта, шеќерот и јајцето изматете ги со миксер, потоа додадете ја ренданата кора од лимон и сокот и замесете меко тесто. Јас по потреба додадов уште малку брашно, бидејќи ептен ми се лепеше тестото, но не и премногу за да не стане тврдо, па потоа замотајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер половина час. Тестото расукајте го и префрлете го во плех бр. 24 или 26(како кај мене) намрсен со масло, или пак како мене директно ставете го во плехот тестото па со раце убаво развлечете го во плехот. Со вилушка избоцкајте го и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160С, 10 минути.
Во меѓувреме почнете да го подготвувате чоколадниот дел. На пареа растопете го маргаринот со чоколадото и тргнете настрана да се олади. Јајцата, шеќерот и екстрактот од ванила со жица за матење убаво изматете ги, додадете го брашното, повторно промешајте да нема грутки и на крај додадете ја смесата со чоколадо, пак промешајте за да се соединат. Чоколадниот дел нанесете го врз првиот дел и вратете го повторно во рерна уште 20-25 минути, но не и повеќе, чоколадниот дел не треба многу да се пече за да остане мек и сочен внатре.
Откако ќе се испече оставете го колачот да се излади, па нанесете шеќер во прав одозгора, или декорирајте по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Лелеее не можам да стасам се да пробам, ама ќе си ја ставам во омилени:)