Мека и сочна торта
Многу вкусна и едноставна торта за приготвување.
Најпрво, се припрема филот, за додека ја приготвувате кората, целосно да се излади, па да заштедите на време.
ФИЛ
На тенџере на оган се налева 300мл млеко и во него се ставаат 9 лажици шеќер. Во преостанатите 200мл. се расторуваат пудинзите. Откако млекото ќе почне да врие, се додаваат пудинзите и се вари густ крем. Се остава да се излади. На страна, се мати маргаринот со шеќерот во прав, се додека не стане пенаст и не се растопи добро маргаринот. На растопениот маргарин му се додава изладениот пудинг, постепено и во исто време се мати со миксер, за убаво да се изедначи филот. Откако ќе се измати се добро, во филот се додава и 100гр, растопено бело чоколадо, па повторно убаво со миксер се обработува целата смеса. Во филот јас додадов и рендано блок бело чоколадо.
КОРА
Се матат 5те јајца со 15лажици шеќер. Откако ќе почне шеќерот да се топи, постепено се додава млаката вода. Треба да се добие мазна и фина пена, ни многу густа, ни многу ретка. Во смесата се додаваат и мелените ореви, па потоа и брашното и пецивото и на крај и парченцата чоколадо за готвење. Се истура во плех обложен со хартија за печење и се печи, околу 15мин на 200степени.
ФИЛУВАЊЕ
Откако кората ќе се испечи, се сечи на половина, за да се добијат две еднакви парчиња. Врз првата кора се става околу 50% од филот. Убаво се замазнува и врз него се редат парчињата ресана и убаво се потиснуваат кон филот. Врз ресаните пак се става малку од филот (околу 25%) и врз филот се става другата кора. Целата торта се премачкува со преостанатиот фил и од горе се украсува со шлаг пена, чоколадни мрвици... Се сече на поголеми правоаголни парчиња.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови