Сос од тиквички
1. Се лупат, се сечат на коцки и се варат тиквичките во солена вода. Може да се употреби и средината од тиквичките што се празнат за полнење.
2. Се цедат тиквичките и убаво се притискаат за да излезе целата вода од нив. Потоа со виљушка се изгмечуваат.
3. Се толче лукот со солта и се додаваат другите состојки. Се убаво се меша. Ова се додава на тиквичките и пак убаво се промешува. Сосот е готов. Одозгора може да се напрска маслиново масло, а место тиквички може да се употреби модар патлиџан, предходно добро испечен.
Овој сос може да се служи со риба, да се мака во него со некој чипс или тенка арапска лепиња ... Овој специјалитет е многу чест на трпезите во Либан и Сирија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови