Се става касецот да стаса. Од останатите состојки се замесува тесто со стасаниот квасец. Тестото се остава да стаса околу 40 минути. Кога е стасано се премесува тестото и се прават сомуни, се ставаат на плех обложен со хартија за печење и повторно се оставаат да стасаат.
Релната се загрева на 250 С. Откако повторно ќе стасаат во плехот се печат околу 10 мин. После 5 минути печење ставете вода во мало тенџерче и ставете го под плехот и така допечете го лепчето.Водата се става за лепчето да биде помеко и крцкаво. Целосното време на печење е 10 -15 минути вклучувајки ги и оние кога се става водата
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови