Солено пециво со кикиритки
Брзи, лесни, вкусни...
Просеаното брашно помешано со пецивото, сецканите кикиритки, солта, шеќерот,ренданото сирење се замесува со жолчката и маргаринот исечен на коцки, одстоен на собна температура.Добиеното мазно и сјајно тесто се завиткува со најлонска фолија и се остава во фрижидер 1-2 часа.
После тој временски период, се отвора кора помеѓу две најлонски фолии со дебелина од околу 1цм.Со Делимано калапчиња се вадат форми. Се редат во плех во кој е ставена хартија за печење.Се премачкуваат со благо разматена белка и посипуваат со сецкани кикиритки.
Се печат на 200 степени додека убаво поруменат или некаде околу 30 мин., сепак тоа зависи од дебелината на формите и секако од вашата рерна.
Лиценца: Сите права се задржани