Солени стапчиња со семки
Од сите состојки за тесто, освен семките се замесува цврсто еластично тесто. Не треба да е пресуво, ниту да се лепи, па по потреба додадете 1-2 лажици вода или брашно. Додадете ги семките од групата состојки за тесто и измесете рамномерно да се распоредат. Оставете го да стаса, покриено со транспарентна фолија, 60 - 90 мин. Нема да се удвои, само малку ќе се надуе.
Поделете го на два дела. Секој оформете го во топка.
Секоја топка расучете ја на хартија за печење на големина 35 x 22 цм. Треба да е многу тенко, зошто инаку нема да бидат крцкави стапчињата. Попрскајте ја површината на кората со вода, посипете со 1/4 од мешавината на семки за посип, покријте со еден лист хартија и расучете, толку, колку да се залепат семките. Превртете ја кората заедно со хартијата, повторно попрскајте ја со вода, посипете со 1/4 мешавина со семки, покријте со хартија и расучете да се залепат семките.
Заедно со долниот лист хартија префрлете ја кората на плехот од шпоретот. Исечете на стапчиња, малку раздвојте ги, посипете со крупна сол и оставете да стасаат 30 - 45 мин.
Истото повторете го со втората половина од тестото.
Рерната загрејте ја на 180Ц.
Ставете ги да се печат околу 20 мин, малку да се заруменат, исклучете ја рерната, оставете ги уште 15 мин. Отворете ја рерната и оставете го стапчината до крај да се оладат во рерната. Јас печев во два плеха одеднаш, со вентилатор, со тоа што на половина печење ги ротирав плеховите и горе - долу и напред - назад.
Ако не ги раздвојувавте стапчината пред печењето, откако се оладени искршете ги вдолж линиите каде сте сечеле.
Чувајте ги во добро затворена кутија.
За да бидат крцкави важно е тенко да го расукате тестото и добро да го испечете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Maja soljata e od 250 ml, za site recepti koi gi pisuvam vo solji. Ako ima nekoja promena, obicno pisuvam i vo grami.
иии ЛАЈК, ЛАЈК, ЛАЈК, ЛАЈК :) :) :) :)